Image of Author Zoran Stojanovski

About
Zoran Stojanovski

Зоран Стојановски е писател од Македонија, дипломиран психолог, форензичар, каратист и тренер на карате клубот Басаи од Тетово. Татко е на две ќерки. Роден на 04.09.1963 година во Тетово. Основно образование и гимназија завршил во Тетово, а факултет за психологија во Скопје. 27 години работел во Воспитно поправен Дом на сите позиции во секторот за ресоцијализација: воспитувач, психолог, шеф на стручен тим, раководител на сектор и директор. Започнал да пишува уште на 10 годишна возраст. Во текот на школувањето во основно и средно образование постојано е член на литературни секции и освојува повеќе награди. За свои литературни творби е наградуван и при служење на воениот рок во бившата СФРЈ во Белград. Подоцна е член на литературниот клуб „Кирил Пејчиновиќ“ – Тетово и редовно е застапен во алманахот „Огледало.“ При крајот на осумдесеттите години на минатиот век е член на претседателството на книжевна младина на Македонија. Досега ги има издадено следните книги, во електронска форма: Збирка песни: „Задушница“, романот „Дневникот на амнезичарот“, и збирките раскази: „Танцот на незабележливите луѓе“, „Надежта на изгубената песна“, „Записи од дното“, „Шарена револуција“ и "Women with scars". Збирката раскази „Тетовски раскази“ е неговатапоследна книга. Неговите планови се да ги отпечати и и издаде како отпечатени дела сите веќе објавени електронски книги, а истовремено работи на повеќе збирки раскази.